Линкови за пристапност

Собири во Иран за поддршка на владата


Десетици илјади Иранци се појавија на државно организираните собири во Техеран и други градови средата, во знак на поддршка за иранската влада. Насобраните извикуваа провладини пароли, а мнгумина носеа паноа и сили на конзервативните ирански свештенски владетели. Тие воедно ја обвинија опозицијата за последните немири.

Ирнската државна телевизија ИРНА соопшти дека опозиционите водачи Мир Хусеин Мусави и Мехди Каруби побегнале од Техеран, но роднина на Мусави за Гласот на Америка изјави дека двајцата се кријат во главниот град.

Иранската влада ги организираше собирите како одговор на неодамнешните протести на опозицијата што сосила беа прекинати од силите за безбедност.

Владата соопшти дека во антивладините демоснтрации неделата загинале осум лица, но опозиционите активисти тврдат дека бројот е многу поголем.

Иранските законодавци на седница зад затворени врати средата расправаа за случувањата од неделата.

XS
SM
MD
LG