Линкови за пристапност

Иран ги блокира емисиите на Гласот на Америка и Би-Би-Си


Eмитувачи на програма во САД и Британија велат дека иранската влада го попречува меѓународниот сателитски сигнал во земјата. Од попречувањето се погодени Персиската ТВ-мрежа на вести на Гласот на Америка и голем број радио емитувачи поддржани од САД.
Попречувањето е насочено кон комуникацискиот сателитски систем што го користат многу други држави.

Иранските власти не одговорија на прашањата на Емитувачкиот одбор на гувернери (ББГ) – агенција која ја надгледува работата на сите граѓански меѓународни емитувачи на програма, спонзорирани од американската влада, во кои спаѓа и Гласот на Америка. Но, инженерите кои секојдневно ги надгледуваат сателитските комуникациски системи велат дека Иран најверојатно е извор на попречувањето на сигналот на системот познат како Хот брд.

Портпаролката на ББГ Летиша Кинг изјави дека попречувањето на сигналот се одразило и на други радио и ТВ-програми на Гласот на Америка за Блискиот исток и Европа. Таа рече дека попречувањето е прекршок согласно Меѓународната телекомуникациона унија, водечка агенција на ОН за информации и комуникации.

ББГ го осуди попречувањето и го нарече цензорство кое има цел да спречи слободен проток на објективни вести и информации до иранскиот народ.

XS
SM
MD
LG