Линкови за пристапност

Казакстан и Иран негираат дека имаат договор за ураниум


Казакстан и Иран ги отфрлија новинските извештаи дека Казахстан планира со брод да префрли околу 1.300 тони пречистен ураниум за Иран, со што би се нарушиле санкциите на ОН против официјален Техеран воведени поради иранската нуклеарна програма.

Казакстанското министерство за надворешни работи и Иранската мисија во ОН во Њујорк ги негираа обвинувањата, за кои прв пат јави Асошиетед прес вторникот. Извештај цитираше таен документ од неименуван член на Агенцијата за атомска енергија на ОН дека Иран и Казакстан се блиску до финализирање на договорот во вредност од 450 милиони долари.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент вторникот предупреди дека снабдувањето на Иран со прочистена ураниумова руда, позната како „жолта торта“, е забрането со сегашните санкции од ОН. Портпаролот Јан Кели ги повика државите целосно да се придржуваат до своите меѓународни обврски што ги оцени како витален дел од меѓународните дипломатски напори за спречување на Иран да дојде до нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG