Линкови за пристапност

Судир меѓу јеменски сили и милитанти на Ал-Каида


Јеменските сили за безбедност се судриле со милитанти на Ал-Каида во западната провинција Худајда.

Владините сили биле во потрага по членови на Ал-Каида во регионот на Деир Џабер. Според владини извори, во судирите бил заробен најмалку еден милитант, а неколкумина се повредени.

Претходно неделава, групата позната како Ал-Каида на Арапскиот Полуостров се огласи дека стои зад неуспешниот обид за активирање на бомба во американски патнички авион за време на католички Божиќ. Таа издаде соопштение на Интернет дека нападот е одмазда за американската поддршка за операциите против неа во Јемен.

Јеменската влада ја интензивираше акцијата против бунтовници и осомничени терористи на Ал-Каида, вршејќи серија воздушни напади што, како што тврди, резултирале во убиство и апсења на милитанти.

Американски разузнавачки претставници велат дека Ал-Каида изминативе години создава своја база во Јемен.

XS
SM
MD
LG