Линкови за пристапност

Пораки на интернет упатуваат дека бомбашот бил осамен и депресивен


Пораки на интернет за кои се верува дека ги напишал Нигериецот кој е обвинет дека се обидел да активира бомба во американски патнички авион сугерира дека тој бил осамен и во депресивна состојба.

Во повеќе од 300 пораки на исламски форум, почнувајќи од 2005-та под име „Фарук 1986" тој го опишал неговото искуство како Муслиман и изразил силни чувства на изолација. Во една порака на интернет во 2005-та, тој напишал дека нема никого со кого може да зборува, да се консултира или да му даде поддршка.Тој напишал дека се чувствувал осамен и депресивен и дека не знае што да прави.

Официјални лица не потврдија дека пораките се напишани од Умар Фарук Абдулмуталаб, но детали од нив се совпаѓаат со личната историја и име, како и годината на раѓање што ја користел во корисничкото име.

Вашингтон Пост прв извести за пораките на интернет.

XS
SM
MD
LG