Линкови за пристапност

Астронаути разговараа со војници во Ирак


Двајца американски астронаути на Mеѓународната вселенска станица одржаа сесија на прашањаи одговори со војници во Ирак, истакнувајќи дека нивното армиско искуство им помогнало да се соочат со предизвиците на работа во вселената.

Командантот на вселенската станица Џеф Вилијамс, пензиониран армиски полковник, и инженерот Ти-Џеј Кример, полковник кој е дел од армиската структура во НАСА, разговараа со група американски војници стационирани во Багдад преку сателитска врска на НАСА.

Двајцата астронаути ги споредиле искуствата на вселенската станица со оние на војниците. Како и нив, астронаутите рекле дека се одвоени од семејствата на подолг период, се спријателуваат со луѓето со кои живеат и понекогаш имаат тешкотии со различни јазици кои ги зборуваат колегите од други земји.

XS
SM
MD
LG