Два аргентински мажи стапиле во брак во прва легална свадба на лица од ист пол во Јужна Америка
39-годишниот Алекс Фрејре и 41 годишниот Хозе Марија Ди Бело стапија во брак во јужниот град Ушуаја во аргентинската провинција Тиера дел Фуего. Дозвола за бракот даде гувернерот на провинцијата.
Двојката која е ХИВ-позитивна, претходно планираше да стапи во брак во Буенос Аирес на 1-ви декември, на светскиот ден против сидата, но беа спречени од градски официјални лица поради противречните судски одлуки кои се однесуваат на истополовите бракови.
Во 2002-ра, Буенос Аирес стана прв град во Јужна Америка кој дозволи истополови врски. Уругвај стана прва држава во регионот кои ги легализираше истополовите бракови.
Минатата недела, законодавците од Мексико Сити усвоија закон за легализирање на истополовите бракови и покрај силното противење од конзервативците и Римокатоличката црква.