Линкови за пристапност

Сомалиските пирати киднапираа британски и панамски танкер


Поморски официјални лица јавија дека сомалиски пирати зазеле два странски танкери во Заливот Аден.

Танкерот „Навиос Аполон“ кој пловел под панамско знаме со 19 членови на екипажот е преземен додека носел вештачко ѓубриво за Индија. Неколку часа претходно, пиратите го заплениле британскиот танкер „Џејмс Парк“ кој носел хемиски материјали со 26-члениот екипаж, кој пловел од Шпанија за Тајланд.

Двата брода се запленети истиот ден кога пиратите го ослободиле карго бродот кој пловел по знамето на Сингапур од пристаниште и пиратско засолниште Харадхер, и еден ден откако е ослободен кинески карго брод и неговиот екипаж од 25 морнари.

Пиратството цвета во водите долж брегот на Сомалија, во која владее анархија од 1991-ва, кога воен профитер го симна од власт дотогашниот диктатор.

Најмалку 10 странски бродови и повеќе од 200 лица од екипажите во моментов се држат како заложници од пиратите.

XS
SM
MD
LG