Линкови за пристапност

Обама го потпиша законот за зголемување на лимитот на американскиот долг


Претседателот Барак Обама го потпиша законот со кој се зголемува лимитот за американскиот национален долг.

Конгресот го одобри зголемувањето минатата недела, покачувајќи го официјалното ограничување на двладиниот долг за 290 милијарди долари, на вкупен износ од 12,4 трилиони.

Претседателот, кој е наодмор во Хаваи со семејството, го потпиша законот во понеделникот заедно со уште два закони што конгресот ги усвои пред да се распушти за празниците.

Мерката ќе им овозможи на САД да ги финансираат своите операции за уште два месеци.

Републиканците, кои се против зголемувањето, тврдат дека администрацијата на Обама и демократските лидери во во конгресот не чинат доволно за контрола на трошоците на буџетскиот дефицит.

XS
SM
MD
LG