Линкови за пристапност

Британски државјанин егзекутиран во Кина


Британија вели дека Кина егзекутирала британски државјанин осуден за шверцување на дрога по отфрлањето на жалбите од британската влада и неговите роднини, кои тврдеа дека човекот бил ментално нестабилен и намамен во извршување на делото. Во соопштение ид британската Канцеларија за односи со странство, премиерот Гордон Браун кажа дека бил вчудовиден и разочаран од егзекуцијата на 53-годишниот Акмал Шаик.

Семејството објави куса изјава изразувајќи жалост по кинеската одлука да одбие помилување. Семејството на Шаик има кажано дека тој страдал од биполарно пореметување, ментална болест што вклучува манично однесување.

Кина одговори на критиката на Британија, со цитирање на Министерот за надворешни работи Џијанг Ју од страна на официјалната новинска агенција Ксинхуа , кој ја поттикнува Британија да избегнува правење штета на билатералните односи.

Смртната казна била изведена со смртоносна инјекција кусо време откако кинескиот Врховен суд решил казната да се изврши без оглед на апелите од Британија.

XS
SM
MD
LG