Линкови за пристапност

Јеменските власти велат наводниот терорист минал неколку месеци во земјата во 2009


Властите во Јемен велат дека Нигериецот обвинет за обид да уништи американски авион минатата недела, живеел во Јемен четири месеци порано годинава.

Јеменското Министерство за надворешни работи вели дека 23-годишниот Умар Фарук Абдулмуталаб живеел таму од почетокот на август до почетокот на декември. Ова министерство вели дека Нигериецот добил виза да студира Арапски на институт во главниот град Саана. Безбедносните претставници велат дека е дадено одобрение за издавање виза на Абдулмуталаб затоа што му била одобрена виза од неколку пријателски држави, и сеуште имал виза за САД.

Абдулмуталаб е обвинет за обид да детонира бомба на авион на Нортвест ерлајнс што летал од Амстердам до Детроит. Властите велат дека тој неуспешно се обидел да го детонира експлозивот прикачен за неговото тело во време кога авионот се подготвувал за приземјување во Детроит.

Група позната како ал-Каида на Арапскиот полуостров ја презеде одговорноста за нападот во соопштение на Интернет во понеделникот. Групата вели дека нападот бил одмазда за американската поддршка на операциите против групата во Јемен. Тврдењето не може да се потврди од независен извор.

Американскиот претседател Барак Обама кажа дека САД ќе ги употребат сите ресурси и ќе ги земат на одговорност ионволвираните во терористистичкиот заговор.

Претседателот во понеделникот нареди целосна ревизија на безбедносната регулатива и на системот на листа на терористи што се следат, во напор да се спречат идни напади.

Името на Абдулмуталаб било во датотеката на владиното разузнавање, но не и на листата за забрана на летање, што би оневозможило да биде во авионот.

Татко му, познат банкар и поранешен нигеријски владин министер, ја предупредил американската амбасада во Нигерија за екстремистичките погледи на неговиот син.
XS
SM
MD
LG