Западните нации остро го осудуваат иранското постапување со политичките активисти.
Европската унија во понеделникот ја осуди иранската употреба на сила против граѓаните „кои сакаат да ја практикуваат својата слобода на изразување и мирно собирање“.
Соопштението, објавено од шведското претседателство на ЕУ понатаму вели дека Иран мора ги почитува правата на својот народ.
Британскиот Секретар за надворешни односи Дејвид Милибанд издаде соопштение во понеделник фалејќи ја „големата храброст“ на демонстрантите. Неделното насилство тој го нарече трагично и вознемирувачко и кажа дека убиените „се уште еден потсетник за тоа како иранскиот режим се справува со протести“.
Германската канцеларка Ангела Меркел исто така го осуди крвавото задушување на демонстрациите.
Кусо време по извештаите за насилството во неделата, портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност објави соопштение велејќи дека Белата куќа силно го осудува „насилното и неоправдано угнетување“ на иранските цивили. Тој кажа дека „е видливо кога владите се плашат од аспирациите на сопствениот народ“.