Линкови за пристапност

Полански го прекина молкот и им се заблагодари на подржувачите


Режисерот-оскаровец Роман Полански во отворено писмо вели дека пораките од неговите обожаватели му дале „смиреност и надеж“ во време кога се бори против екстрадицијата од Швајцарија во САД.

Ова е прв пат Полански да излезе со изјава за јавноста откако беше ослободен со кауција во швајцарски затвор претходно месецов. Режисерот сега се наоѓа во куќен притвор во неговата вила од 1800 квадратни метри во швајцарскиот скијачки центар Гштад.

Францускиот филозоф Бернард Хенри Ливи објави извадоци од писмото на Полански на неговата веб-страница.

Полански се изјасни за виновен кон крајот на 1970-тите во Лос Анџелес за сексуален однос со 13-годишно девојче. Потоа пребегал од САД пред да биде осуден во 1978-ма и останува бегалец се` до неговото апсење во Цирих во септември.

Јавното обвинителство во САД побара од Швајцарија да го екстрадира Полански во Калифорнија поради пресудата за силување, која датира oд пред три децении.

XS
SM
MD
LG