Линкови за пристапност

Јосиповиќ и Бандиќ во вториот круг на претседателски избори на Хрватска


Опозициониот кандидат од Социјалдемократите Иво Јосиповиќ освои најмногу гласови во првиот круг на претседателските избори во Хрватска и ќе се соочи со независниот кандидат Милан Батиќ во вториот круг на 10-ти јануари.

Официјалните резултати од државната изборна комисија на Хрватска објавени во понеделникот покажаа дека Јосиповиќ, професор по право и композитор, освоил 32,4 проценти од гласовите. Бандиќ, влијателен градоначалник на Загреб и самиот поранешен социјалдемократ, освоил 14,8 проценти.

Кандидатот на владејачката конзервативна партија Адрија Хебранг од ХДЗ е трет со само 12 проценти поддршка од избирачите, што претставува одраз од незадоволството на гласачите заради економските проблеми и корупцијата во високите владини редови.

Јосиповиќ и Бандиќ се заложија дека ќе го поддржат членството на Хрватска во ЕУ, процес кој треба да биде комплетиран до 2012-та.

XS
SM
MD
LG