Линкови за пристапност

Осомничениот во авионскиот напад ќе биде изведен пред суд


Нигериецот обвинет за обид за разнесување на американски авион на Божиќ, во петокот, во понеделник треба да се појави на суд во Мичиген.

Во неделата, властите го пренеле Умар Фарук Абдулмуталаб во федерален затвор од болницата каде бил третиран заради изгореници.

23-годишниот Нигериец вели дека бил обучуван од оперативци на ал-Каида во Јемен. Тој наводно се обидел да предизвика експлозија пред самото слетување на летот 253 на Нортвест Ерлајнс во Детроит на пат од Амстердам. Направата не експлодирала и Абдулмуталаб се здобил со изгореница на ногата пред патниците и екипажот да го совладаат.

Семејството на Абдулмуталаб издаде соопштение во понеделникот во кое се вели дека изгубиле контакт со него додека бил на студии во странство.

Умару Муталаб, познат поранешен банкар и владин министер, ги предупредил нигериските безбедносни агенции за погледите на неговиот син пред два месеци.

Осомничениот е заведен во разузнавачката база на податоци на американската влада, но не бил на таканаречената „листа за забрана на летање". Официјални лица ја проверуваат безбедноста и се обидуваат да утврдат како Абдулмуталаб се качил на авионот упатен за САД со потенцијален експлозив.

Секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано за СиЕнЕн изјави дека нема индикации оти петочниот обид за напад бил дел од поголем терористички заговор.

Американските и европските авиопревозници по инцидентот го засилија обезбедувањето.

Нигериските власти водат своја истрага по случајот.

XS
SM
MD
LG