Линкови за пристапност

Обама: САД прават се` за заштита на Американците


Американскиот претседател Барак Обама вели дека Америка ќе го употреби „секој елемент" на својата национална моќ да ги „поремети, растури и порази" терористите секаде во светот, што може да ги нападнат САД.

Обама зборуваше од Хаваи во понеделник, кусо време откако групата ал-Каида во Јумен кажа дека стои зад петочниот обид за бомбашки напад на лет на Нортвест ерлајнс кој летал од Амстердам за Детроит.

Соопштение на Интернет, кое се смета дека е на ал-Каида на Арапскиот полуостров, вели дека нападот е одговор на американските напори против милитантната група во Јемен.

Обама кажа дека САД прават се` да ги заштитат граѓаните и дека го засилиле обезбедувањето. Тој кажа дека владата ги ревидира безбедносните мерки вклучувајќи го и системот за набљудување на терористи во напор да се спречат идни напади.

XS
SM
MD
LG