Линкови за пристапност

Веб страница на неделата: Водич за лекови


Глобалната фармацевска индустрија досега има изработено лепеза на лекови кои можат да спасат човечки животи и да го оддржуваат нашето здравје. Но, за многу од нив не се знае точната намена. Со години, експертите ја користеа книгата наречена Референца за доктори, како своевиден водич за лекови кому може да му се верува. Сега овие информации се достапни и на Интернет.

„PDRHealth.com е веб-страница која обезбедува потврдени информации од областа на медицината, со фокус на фармацевтската информација“, вели д-р Едвард Фоч, директор на компанијата која стои зад проектот.

Преку PDRHealth.com може да се најдат издражани информации за лекови на рецепта, за оние кои може да се купат без рецепт, за витамините, и материјал за одредени болести, здравствени состојби, операции, како и интерактивните програми што можат да помогнат да се дознае повеќе за опциите што стојат на располагање кога е во прашање здравјето.
PDRHealth.com постои само неколку години, но д-р Фоч најави дека планира веб страницата да ја интегрира со електонските медицински досиеја.

Потврден извор на информации за лекови и за одредени здравствени состојби, можете да добиете доколку ја посетите веб-страницата во избор на Гласот на Америка, PDRHealth.com.

XS
SM
MD
LG