Линкови за пристапност

Вашингтон тивко вооружувал и обучувал јеменски сили


Претставници на американското разузнавање и експерти велат дека Вашингтон тајно го снабдува Јемен со армиски лица за обука и со опрема, како помош во борбата со се` позачестеното присуство на ал-Каида во земјата.

Весникот Њујорк тајмс цитира поранешен претставник на ЦИА, кој вели дека агенцијата уште пред една година во Јемен испратила некои од своите најдобри оперативци.

Според американски разузнавачи и експерти изминативе неколку години ал-Каида градела база во Јемен, користејќи ја немоќта на владата да ги контролира изолираните предели. Истиот извор вели и дека терористичката мрежа на Јемен гледа како на нов фронт во своите глобални амбиции, наспроти актуелната база во пограничниот регион на границата меѓу Авганистан и Пакистан, познат по безаконие.

XS
SM
MD
LG