Линкови за пристапност

Гилберт Арeнас во неволја поради пиштоли во соблекувалната


„Ол-стар“ ѕвездата на Ен-Би-Еј лигата и член на Вашингтон визардс, Гилберт Аренас, е во неволја поради пронајдени пиштоли во негово шкафче во соблекувалната. Визардс соопштија дека Аренас ставил ненаполнето огнено оружје во заклучена кутија во шкафче. Ен-Би-Еј врши истрага. Од клубот наведуваат дека во кутијата немало муниција.

Аренас постигна 18 поени во последниот натпревар на Визард - победата против Милвоки бакс од 109-97 средата. Трикратниот „ол стар“ во просек има 22,2 поени по натпревар откако во изминатите две сезони одигра само 15 натпревари по три операции на левото колено.

Засега не се знае точно кога и во која сала Аренас чувал огнено оружје во соблекувалната.

XS
SM
MD
LG