Водечките законодавци во американскиот Сенат најавија дека ќе побараат дополнителни санкции против Иран во новата година.
Сенатот замина на празничен одмор откако четвртокот ја усвои легислативата за реформа на здравствената заштита, но водачот на демократското мнозинство Хари Рид кажа дека е решен да поднесе на гласање легислатива за нови санкции против официјален Техеран кога Сенатот ќе продолжи соработа во јануари. Ако претседателот ја потпише таа мерка, таа ќе им овозможи на САД да воведат постоги казни за компаниите кои ги снабдуваат Иран со гориво. Иако Иран е еден главните нафтени производители, земјата сепак нема капацитет да ја рафинира нафтата и е зависна од странски компании за околу 40 проценти од своето гориво.
Американскиот Претставнички дом со огромно мнозинство усвои слична легислатива нешто порано месецов.