Линкови за пристапност

Талебан објави снимка на заробениот американски војник


Талебан петокот објави снимка на која наводно е американскиот војник заробен во Авганистан пред речиси шест месеци. На неа лицето носи шлем, армиска униформа и очила за сонце и самиот се идентификува како 23-годишниот Боув Бергдал. Тој предупредува дека Авганистан ќе биде „следниот Виетнам за Америка“ доколку Американците не го кренат гласот и не ја запрат целата оваа бесмисленост“. Тој вели и дека дека со него било постапувано како со „човечко суштество со достоинство“. Снимката содржи и барање на портпарол на Талебан кој повика на размена на затвореници.

Не се знае кога е направено видеото. Американската организација Интел Центар, специјализирана за набљудување на тероризмот, соопшти дека првичните анализи укажуваат дека лицето на видеото е Бергдал.

Портпарол на НАТО ја осуди снимката како ужасен чин на „искористување на младиот војник кој очигледно бил принуден да прочита претходно подготвено соопштение“.

XS
SM
MD
LG