Линкови за пристапност

Папата ја одржа божиќната миса


Папата Бенедикт го подели традиционалниот божиќен благослов пред десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар, само неколку часа откако беше соборен на земја од жена за време на божиќната миса.

Зборувајќи на повеќе јазици во петок наутро, Папата се осврна на ефектите на глобалната финансиска криза, конфликтите на Блискиот исток и во Демократска република Конго, како и за политичките превирања во Мадагаскар, Нигер и Гвинеја.

Но, но тој рече дека Христијаните во светот, вклучувајќи и „мало јато во Ирак" – работат со „живост и великодушност" за „мир и коегзистенција."

Портпарол на Ватикан кажа дека жената која го турнала претходната ноќ е 25-годишна Сузана Мајоло, со италијанско-швајцарско државјанство, била психолошки нестабилна и одведена во болница.
Жената не била повредена.

Папата не беше повреден во инцидентот од четвртокот но 87-годишниот француски кардинал Роџер Етхергареи бил исто така турнат и одведен заради скршена нога.

Ватиканскиот портпарол кажа дека жената сакала да го допре Папата и за време на полноќната миса минатата година. Тогаш обезбедувањето ја запрело пред да стигна до него.

Ватикан ја одржа традиционалната полноќна божиќна миса два часа порано заради обѕири спрема здравјето на 82-годишниот Папа.

Тој ги поттикна луѓето да се обединат и да се издигнат од, како што рече, нивниот приватен свет што ги прави робови на нивните страсти, себични, и отцепени од вистината.

Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама испрати божиќни поздрави до мажите и жените што служат во армијата далеку од дома и од семејството.

Обама кажа дека е восхитен од, како што рече, несебичниот дух и желба да се служи.

Претседателот исто така рече дека бил трогнат од средбите со ранетите во армиските болници и од приказните на оние кои ја направиле најголемата жртва.

Претходно, Обама по телефон, во ноќта спроти Божиќ, разговараше со десет членови на американските вооружени сила кои служат во Авганистан и во Ирак. Меѓу нив беа по двајца од секоја од петте армиски родови.

XS
SM
MD
LG