Линкови за пристапност

Најново од Холивуд: лечење, напуштање, развод, но и нов филм!


Рокерот Стивен Тајлер е повторно на лекување од зависност од средства против болка. Фронтменот на Аеросмит го „обвинува“ 30-годишниот стил на живот на и зад сцената за хроничната болка и вели дека е решен да ја надмине зависнота од лекарства.

Популарното шоу Американски идол можеби ќе остане без уште еден судија. Братот на популарниот „негативен критичар“ Сајмон Ковел најавува дека тој нема да го обнови договорот што истекува на крајот од мај. Самиот Кауел вели дека во иднина планира да го донесе своето британско шоу за таленти Факторот икс во Лас Вегас.

Уште еден холивудски пар се разведува. Оскаровците Сузан Сарадон и Тим Робинс си рекоа збогум по 23 години брак. Се сретнале на снимањето на филмот Бил Дурам во 1988-ма и имаат два сина.

Обожавателите на филмот „Сексот и градот“ може да здивнат. Второто продолжение ќе се појави во кино-салите во мај, и како во првото, настапува познатат екипа од оригиналната и истоимена ТВ-серија.

XS
SM
MD
LG