Линкови за пристапност

Мирен крај на заложничката драма во Вирџинија


Заложничката драма во сојузната држава Вирџинија заврши на мирен начин средата доцна навечер, кога четири лица, меѓу кои и осомничениот грабнувач, ја напуштија сцената на заложништвото - поштата во гратчето Вајтсвил. Полицијата веднаш потоа го уапси осомничениот напаѓач – лице во инвалидска количка. Тој е идентификуван како Варен Тејлор, жител од соседната сојузна држава Тенеси.

Драмата започнала неколку часа претходно, кога осомничениот влегол во поштата со инвалидската количка наредена со експлозив. Властите јавија дека имало истрели, но дека нема повредени. Засега не е познато кои биле неговите барања.

Полицијата во Вирџинија веднаш реагираше со распоредување на специјални сили и експерти за демонтирање на бомби околу поштата, истовремено преговорајќи со напаѓачот да стави крај на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG