Јеменските власти соопштија дека армиски авиони извршиле напад на средба на водачи на Ал-Каида во источниот дел од земјата, при што загинале најмалку 30 милитанти. Нападот се случил во источната провинција Шабва, каде властите тврдат дека милитантите планирале напади врз економски инсталации.
Според првичните извештаи, загинале двајца виши членови на Ал-Каида, но јеменски претставник за безбедност подоцна за Ројтерс изјави дека нивното загинување не може да биде потврдено.
Јемен во последно време ги интензивираше операциите против Ал-Каида, извршувајќи серија воздушни и други напади минатата недела, при што беа убиени 34 милитанти, а 17 беа уапсени.
Припадник на Ал-Каида повика на одмазда за нападите во говорот до локалните племенски лидери во јужен Јемен понеделникот. Некои локални жители велат дека во еден од нападите во јужната провинција Абијан загинле околу 50 лица, повеќето од нив цивили.