Линкови за пристапност

Пет мртви во бомбашки напад во Пешавар


Пет лица загинале, а над 20 се повредени во напад на бомбаш-самоубиец во северозападниот пакистански град Пешавар. Властите наведуваат дека напаѓачот активирал експлозив на контролен пункт откако го запрела полицијата.

Пунктот се наоѓа во близина на канцелариите на пакистанскиот национален авиопревозник, на еден од најфрекфентните патишта во Пешавар. Во тој дел на градот се наоѓаат и седиштата на медиумски компании, црковно училиште и бизниси.

Ова е втора експлозија во Пешавар во последните три дена. Во напад на бомбаш-самоубиец вторникот во прес-клуб во Пешавар загинаа три, а беа повредени најмалку 17 лица.

XS
SM
MD
LG