Линкови за пристапност

Македонија: Усвоен буџетот за 2010


По три дена расправа во Собранието, пратениците го усвоија буџетот за 2010-та година. Тежок е 2,5 милијарди евра. Ова сума, како што сооштија владините преставици, ќе се обезбедува од домашни и странски извори. Буџетскиот дефицит се проектира да биде 170 милиони евра. Владата буџетот го проектираше со цел да се обезбеди равој во државата.

Министерот за финасии, Зоран Сатвревски, кажа: „Во услови на намалени буџетски приходи тоа подразбираше значајно кратење на расходите. Во таа насока беа преземени мерки за штедење, пред се` преку забрана на нови вработувања, освен оние поврзани со евроинтегративниот процес и рамковниот договор, како и одложување на планираното зголемување на платите во јавната администрација."

Опозицијата буџетот го оцени како како расипнички и оптеретувачки за стопаноството.

„Оваа колонијална, окупаторска економска политика на Владата, јас се извинувам што можеби зборовите на многумина им звучат тешко, меѓутоа македонското стопанство, господине министре, не може повеќе да ја издржи ваквата деструктивна економска политика на Владата", рече Јован Манасиевски од ЛДП.

Етички албанската политичка опозиција во Собранието го оцени дизајнот на буџетото како национал- роматичарски и националистички. Од Нова демократија обвинија дека „непродуктивно ќе се потрошат над триесет милиони евра, за проектите жичара до Водно, Музејот на ВМРО, стариот театар и за владини реклами."

„Владата тврдоглаво инвестира во луксузни проекти за свое рекламирање, додека граѓаните и понатаму се соочуваат со недостиг на вода за пиење, канализација, инфраструктура, образовни објекти и друго", рече Флора Кадриу од Нова демократија.

Според проекциите, најголем дел од парите во буџетот догодина ќе се трошат во социјалната политика. Речиси 40 отсто од буџетот се за оваа намена. Според владините проекции догодина земјата ќе има економски растеж од два проценти.

XS
SM
MD
LG