Првата дама со ќерќите вчера им читаа божиќни книги на деца во Детската болница во Вашингтон.
Првата дама приватно се сретна со младите пациенти во одделот за срце и бубрези, а потоа во атриумот читаше на други деца.
Малиа и Саша и помогнаа на мајка им во донесувањето малку празнично расположение, заедно со семејното куче Бо.
Тие го шетаа Бо наоколу и разговораа со многу болни деца – додека болнички лица одеа по нив и нудеа анти-бактерициден лосион за сите кои го галеле Бо.
Децата имаа многу прашања за првите девојчиња, а двете со задоволство одговараа.
Семејството Обама за празниците заминува за Хаваи, каде претседателот минал дел од детството. На прашањето како оваа година за нив ќе биде различна од порано – Саша одговори – полесно ќе биде да се качат на авион.