Најмалку осум лица загинале средата во напади насочени кон христијани и шиитски муслимани додека се подотвувале за прослава на празници.
Во експлозија на бомба близу древна црква во Мосул животот го загубиле две лица, во најновиот напад што за цел го има христијанското малцинство во овој град во северниот дел на Ирак. Во нападот на црквата Свети Томас од осмиот век биле повредени и пет лица. Нападот се случи на два дена пред католички Божиќ.
Исламските милитанти во Ирак често напаѓаат христијани уште од инвазијата под американско раководство во 2003-та, што придонесе многумина од нив да ја напуштат земјата.
Во Багад, во три одвоени напади врз шиитски верници загинале најмалку шест лица, а биле повредени 40-тина. Шиитите се собрале за празникот Ашура, во знак на сеќавање на внукот на пророкот Мухамед, убиен во седмиот век.