Линкови за пристапност

Конечно обединување на американски татко - со синот во Бразил


Американскиот татко Дејвид Голдман, кој веќе пет години води меѓународна правна битка за старателство на својот син, се надева дека ќе се врати дома од Бразил заедно со него. Бразилскиот врховен суд вторник одлучи дека деветгодишниот Шон Голдман мора да биде вратен на татко му.

Во 2004-та, тогашната сопруга на Голдман, Бруна Бјанки, со синот заминала - како што најавила - на одмор во Бразил. Таму се развела од Голдман и стапила во брак со познат адвокат. Лани потоа починала на пораѓање и роднините на Шон во Бразил одбиле да го вратат детето на татко му во САД.

Реагирајќи во случајот, американскиот сенатор Френк Лутенберг од сојузната држава Њу Џерси, од каде потекнува Дејвид, го блокираше законот за милијарди долари трговски бенефиции за Бразил. Тој подоцна ја отстрани блокадата по одлуката на Врховниот суд во Бразил за враќање на Шон и законот беше усвен во Сенатот.

За случајот се разговараше и на највисоко ниво меѓу двете земји кога американскиот претседател Барак Обама се сретна во Белата куќа со бразилскиот колега Луис Инасио Лула да Силва. И американската државна секретарка Хилари Клинтон се заложи за враѓање на момчето од Бразил.

XS
SM
MD
LG