91-но лице завршило во болница откако авион на компанијата Американ еарлајнс вторникот навечер ја промашил пистата во главниот град на Јамајка, Кингстаун, соопштија официјални лица во оваа островска земја.
Во Боингот 737 иамло 154 лица. Тој се лизнал од пистата додека слетувал на Меѓународниот аеродром Норман Манли во услови на обилен дожд. Авионот пробил заштитна ограда, минал преку автопат, пред да заврши на плажа во непосредна близина на аеродромот.
Некои од повредените имаат скршеници. По укажаната болничка интервенција, најголем дел од патниците биле пуштени. Во болницата се` уште се наоѓаат двајца патници.
Авионот полетал од Аеродромот Роналд Реган во Вашингтон и запрел во Мајами, пред да се упати кон Кингстаун.
Портпарол на Американ еарлајнс изјави дека во несреќата попуштила опремата за слетување и отпаднал моторот на десното крило.