Линкови за пристапност

Медоф префрлен во болнички дел на затворот


Бернард Медоф, осуден за најголема финансиска проневера во американската историја, е префрлен во болничкиот дел на затворот каде ја отслужува казната.

Официјални лица не ја откриваат причината за префрлањето, повикувајќи се на законите за заштита на приватноста.

Медоф е осуден на 150-години затвор за оркестрирање на проневера тешка 65 милијарди долари, најголем криминал од таков вид во историјата.

71-годишниот поранешен финансиер и измамник на Вол Стрит, ја отслужува казната во федерален затвор во Бантнер, Северна Каролина.

Тој е во затвор од јули.

XS
SM
MD
LG