Линкови за пристапност

Опозицијата јавува за судири на полицијата со демонстранти во Иран


Иранските опозициони групи јавуваат дека силите за безбедност се судриле со приврзаници на починатиот свештеник –дисидент, великиот ајатолах Хусеин Али Монтазери во два града во централниот дел од земјата. Според нивните Интернет-страници, полицијата ги задушила собирите и протестите во сеќавање на Монтазери во неговиот роден град Наџафабад и во соседниот Исфахан.

Полицијата во Исфахан наводно истрелала солзавец и користела палки за да ги растера демонстрантите, уапсила 50-тина лица, а голем број биле повредени. Во извештаите се тврди дека силите за безбедност ја опколиле куќата на водечкиот рефорски свештеник, ајатолахот Џалаледин Тахери.

Опозиционите групи велат дека иранската полиција во Наџафабад се судрила со реформисти кои извикувале антивладини слогани.

Извештаите не можеа да бидат потврдени од независен извор затоа што Иран им забрани на странските медиуми директно да известуваат од протестите.

Ајатолахот Монтазери почина во саботата на 87-годишна возраст. Иранските реформисти го сметаа за духовен патрон на нивното движење. Тој беше остар критичар на конзервативниот свештенски естаблишмент.

XS
SM
MD
LG