Линкови за пристапност

Обама зборува за првата година на функција


Претседателот Барак Обама вели дека спасувањето на финансискиот систем од колапс е најголемото достигнување на неговата администрација во првата година на функција.

Претседателот зборуваше во интервју за весникот Вашингтон Пост.

Во статијата објавена во среда Обама кажа дека многу од дадените ветувања ги одржал, велејќи дека кога ќе бидат комплетирани државата ќе постигне „фундаментален пресврт" во здравствената заштита, енергија и американскиот финансиски регулаторен систем.

Обама рече дека е „многу ентузијастичен" за тоа што е постигнато во однос на реформата на здравствениот систем , што за него е врвен домашен приоритет. Сенатот в четврток ќе гласа по оваа важна легислатива. Претставничкиот дом минатата недела усвои своја верзија на реформскиот предлог-закон.

Претседателот набележа и други достигнувања од првата година, меѓу кои обезбедување на еднаквост во платата, проширување на категоријата на кривични дела од омраза и проширување на здравствената заштита на дополнителни четири милиони деца.

Претседателот дојде на функцијата во јануари и уживаше исклучително висок рејтинг што сега падна под 50 проценти.

Истражувачкиот центар Пју вели дека јавното мислење за претседателот и неговата политика продолжува да биде поделена заради загриженоста на Американците за војната во Авганистан, за економијата и здравствената заштита. Центарот со седиште во Вашингтон кажа дека рејтингот на Обама бил 64 проценти во февруари, а последното истражување покажува 49 проценти.
XS
SM
MD
LG