Линкови за пристапност

НАТО: Мисијата во Авганистан ќе се фокусира на заштита и развој


По дводнеаната посета на Авганистан, генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен изјави дека меѓуанродните сили се решени да останат во земјата се` додека авганистанската влада и армија не бидат подготвени да ја преземат одговорноста.

На заедничката прес-конференција со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул, секретарот Расмусен кажа дека во 2010-та година НАТО „многу повеќе“ ќе се фокусира на заштита на населението, патиштата и на проектите за развој. Тој подвлече дека мисијата на НАТО навлегува во нова фаза со распоредувањето на дополнителни 40.000 војници во Авганистан. Расмусен изјави и дека мисијата ќе овозможи поголема безбедност за авганистанскиот народ, а авганистанската влада ќе има се` поголема одговорност.

Генералниот секретар на НАТО воедно му честиташе на претседателот Карзаи за номинирањето на новиот кабинет.

Карзаи е под притисок од светските лидери да назначи компетентни лидери кои ќе и` пружат отпор на корупцијата.

XS
SM
MD
LG