Линкови за пристапност

Бомбаш-самоубиец усмртил тројца во Пакистан


Бомбаш-самоубиец вторникот усмртил тројца пред прес-клуб во пакистанскиот град Пешавар во североисточниот дел на земјата, соопштија пакистанските власти. Полицаец го запрел бомбашот пред клубот и се обидел да го провери, по што тој го активирал експлозивот на себе. Во експлозијата имало 17 повредени.

Ова е прв напад врз медиумска институција во Пешавар, што беше место на чести напади изминативе месеци. Милитантите ги интензивираат нападите ширум Пакистан во знак на одмазда за пакистанската воена офанзива против упоришта на Талебан во северозападниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG