Линкови за пристапност

Јужна Кореја ги испрашува приведените Севернокорејци


Јужнокорејските власти ги испрашуваат седумината Севернокорејци кои со мал рибарски брод во понеделникот ги преминаа водите на Јужна Кореја.

Јужнокорејските претставници велат дека Националаната разузнавачка служба се обидува да одреди дали групата се обидела да навлезе во јужнокорејска територија или тоа го сторила случајно.

Лицата пловеле со бродот кога ја преминале спорната граница во Жолтото Море, по што биле приведени од јужнокорејската крајбрежна гарда.

Инцидентот се случува во чувствително време, кога Северна Кореја во понеделникот пограничните води ги опиша како „огнена зона“ и ја предупреди јужнокорејската армија да се држи настрана.

XS
SM
MD
LG