Линкови за пристапност

Сенатот пред конечна одлука за реформи во здравството


Американскиот Сенат е се` поблизу до усвојување на легислативата за реформa на здравствената заштита, што би требало да се случи подоцна неделава. Во вторникот, мнозинските демократи и нивните независни сојузници ги добија потребните 60 гласови за завршување на расправата по предлог-законот, а конечното гласање во Сенатот е закажано за четврток навечер, ден пред католички Божиќ.

За американскиот претседател Барак Обама, усвојувањето на мерката е главен приоритет на домашен план. Тој вторникот изјави дека нема да замине од Вашингтон за празниците се` додека Сенатот не заврши со работата во однос на здравствената заштита.

И покрај официјалниот крај на расправата, во Сенатот неформално продолжува дебатата за предлог-мерката. Малцинството републиканци тврдат дека легислативата е прескапа.

Легислативата предвидува здравствено осигурување да добијат дополнителни 31 милион Американци, а на осигурителните компании ќе им се забрани да одбијат услуга поради претходни здравствени проблеми на лицата кои побарале осигурување.

XS
SM
MD
LG