Линкови за пристапност

Обама ги повика банките да даваат заеми со што ќе се поттикне вработувањето


Американскиот претседател Барак Обама ги повика банкарите да понудат поголеми кредити за малите бизниси, што би резултирало со дополнителни работни места и би помогнало во намалување на невработеноста во САД што изнесува 10 проценти.

Обама ова го изјави по средбата со претставници на мали и локални банки.

Малите бизниси се жалат дека не можат да добијат доволно заеми за купување нова опрема, проширување и отворање нови работни места. Претседателот истакна дека бизнисите и локалните заедници се подготвени да ги прошират своите ангажмани.

Претседателот Обама пред банкарите истакна дека ќе ги укине бирократските пречки што отежнуваат позајмување. Тој минатата недела се сретна со директорите на главните банки во земјата, охрабрувајќи ги и тие да овозможат повеќе заеми за компаниите, со цел да се креираат дополнителни работни места.

Изјавата на Обама уследи по извештајот според кој продажбата на домови во САД се одвива побрзо од очекуваното, додека економијата воопшто бележи позабавен растеж од очекуваното.

XS
SM
MD
LG