Линкови за пристапност

Најголеми технолошки достигнувања и изуми во 2009


Иако меѓународниот самит за електроника, во 2009 беше помал од 2008, технолошкиот сектор се надеваше дека ќе одмине дел од најлошите ефекти на економската криза, со привлекување на потрошувачите со најновите високотехнолошки направи.

Компанијата Дел го претстави луксузниот и тенок лаптоп комјутер наречен Адамо, чија цел беше да му конкурира на Епл.

Сите изложувачи на Саемот, што се одржа од 8-ми до 11-ти јануари, се чини дека сакаа да покажат одредена „длабочина“ на своите производи, а под „длабочина“ се подразбира тро-димензионален приказ.

Неколку производители изложија телевизори во Ха-Де резолуција, но со тро-димензионални способности.

Експертите велат дека новиот „3-Де“ систем наречен Алиоскопи, ќе наложи потреба од очила и други помагала за гледање на програмата во овој формат.

Ел-Џи Електроникс пак, претстави мобилен телефон што би можел да се носи на рака, како часовник, прв со комплетен пристап до комуникациските мрежи и со инсталирана видео камера. Тоа би значело дека во иднина телефонските повици би биле и во видео формат.

Климатските промени беа популарна тема годинава што изминува, а во светот добива на популарност трендот за добивање на енергија од сонцето. Светски најголемата централа за соларна енергија во селото Амарелеја во централна Португалија, веќе работи со полн капацитет.

Португалскиот претседател, Хозе Сократес вели дека 43 проценти од енергијата во државата веќе доаѓа од чистите извори за нејзино добивање и се надева дека до 2020-та ќе достигне до 60 проценти.

Метанот од животните може исто така да придонесе за глобалното затоплување. Научници од ОН велат дека на одгледувањето на жив добиток и од шумарството, отпаѓаат преку 30 проценти од штетните гасови, што постепено ја загреваат Земјата.

Поголемиот дел од загадувањето доаѓа од добитокот, овците и свињите кои исфрлаат метан, гас кој е 20 пати посилен од јаглерод диоксидот, за кој се вели дека е најголемиот предизвикувач на глобалното затоплување.

Но, во Кина и Холандија, метанот почна да се користи како алтернативна енергија. Во овие две земји, преку специјални процедури, фармерите изметот од свињите го користат за добивање на електрична енергија. Освен тоа, со употреба на метанот, објектите можат да продаваат кредити за јаглерод на меѓународни пазари, според одредбите на Договорот од Кјото. Експертите велат дека оваа пракса добива на популарност во целиот свет.

Меѓу идеите карактеристични за 2009 значајно место има светлината - без светилка.

Производителот, компанијата Филипс, продава диоди за органска светлина, со цел да ја осветли - иднината.

Компанијата Рендом интернешнал, со седиште во Лондон, искористи 1.024 светилки за уметничката инсталација наречена „Избледнувате на светлина“.

Додека луѓето поминуваат покрај структурата широка 2,7 метри, а висока 1,3 метри, камера и комјутер ги вклучуваат светилките спроти минувачите, имитирајќи го нивното движење, како џиновски монитор.

Целта на компанијата е да ги инспирира дизајнерите, архитектите и другите креативни умови за употребата на овие рамни светилки. Нивната предност е што емитуваат светлина од целата површина, а не само од една точка.

Во иднина, таваниците и ѕидовите можно е да зрачат со светлина и да ги осветлуваат собите како да е ден.

XS
SM
MD
LG