Линкови за пристапност

Иран порекнува дека работи на детонатор на нуклеарна бомба


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го порекна извештајот во британски весник дека неговата земја работи на детонатор на нуклеарна бомба.

Во интервју емитувано во понеделник во САД на телевизијата Еј-Би-Си, новинарката Дајен Сојер на иранскиот претседател му понуди копија од документот до која дошол весникот Тајмс оф Лондон, а кој наводно содржи детали за иранските активности за направа за активирање на нуклеарна бомба.

Иранскиот лидер ја отфрли валидноста на документот и рече дека го фабрикувала американската влада.

Советник на американскиот претседател Барак Обама, пак, реагираше дека обвинувањето на Ахмадинеџад претставува бесмислица.

Началникот на Американскиот здружен генералштаб, адмиралот Мајк Мулен, пак, во понеделникот кажа дека Пентагон мора да биде подготвен со армиски опции против иранската нуклеарна програма, во случај претседателот да повика на нив. Мулен истакна и дека верува оти дипломатијата нуди најдобра шанса за решавање на спорот околу програмата. Тој додаде дека воената акција и натаму е опција, но дека би дала „ограничени резултати“.

XS
SM
MD
LG