Линкови за пристапност

ФБИ: пад на криминалoт во САД


Во првата половина на 2009-та во САД опаднало нивото на насилен, имотен криминал и подметнати пожари, соопштија федералните власти. Според податоците на на Федералното истражно биро – ФБИ објавени понеделникот, бројот на убиства на национално ниво се намалил за 10 проценти, на грабежи за 6,5, а на силувања и тешки физички напади за над три проценти. Кражбата на автомобили во земјата била помала за речиси 19 проценти, а на подметнати пожари за околу осум проценти.

Статистиката е базирана на информации од повеќе од 11.700 агенции за одржување на јавниот ред, и во неа се споредуваат првите шест месеци на 2009-та со истиот период во 2008-ма.

XS
SM
MD
LG