Линкови за пристапност

Обама: Со подобра работа владата ќе заштеди 19 милијарди долари


Американскиот претседател Барак Обама најави дека владините агенции се на добар пат да заштедат 19 милијарди долари со тоа што го подобриле начинот на работење. Во обраќањето понеделникот од Белата куќа, посветено на тоа како владата да стане поефикасна, Обама подвлече дека владината цел е да води сметка за секој потрошен долар.

Нешто порано годинава, владата им наложи на федералните агенции да го ограничат потпирањето на надворешни договорни соработници и да ја подобрат процедурата на набавка.

Обама понеделникот најави дека Белата куќа во јануари ќе биде домаќин на форум за модернизација на владата, насочен на тоа како владините тела подобро да ја искористат технологијата за да пружат поголеми и подобри услуги на Американците.

XS
SM
MD
LG