Линкови за пристапност

Полската полиција го пронајде украдениот натпис од Аушвиц


Полската полиција го пронајде озлогласениот натпис што минатата недела беше откорнат од портата на некогашниот нацистички концентрационен камп Аушвиц и уапси пет лица за кражба.

Тешкиот натпис со метални букви во должина од пет метри бил пронајден во три дела, но музејот во Аушвиц најави дека може да биде поправен. На него на германски јазик е напишано - работата ослободува. Тој стоеше над портата на Аушвиц, каде за време на Втората свтеска војна нацистите убија над еден милион лица, повеќето од нив Евреи. .

Полицискиот командир Андреј Рокита од полскиот град Краков соопшти дека петтмината во притвор, обвинети за кражбата, се на возраст меѓу 20 и 39 години и навидум се обични криминалци, кои не се поврзани со неонацистички групи. Сите биле претходно осудувани за кривични дела како грабежи или напади.

XS
SM
MD
LG