Линкови за пристапност

Иванов: 2009-та – успешна година за Македонија


Претседателот Ѓорге Иванов денеска го имаше своето прво годишно обраќање пред Собранието. Во оваа новогодишна премиера пред пртениците, тој ја оцени 2009-та година како успешна. Според Иванов, посебно биле забележани успеси во евро-интеграционите процеси.

„Македонија доби позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почнување на преговори за членство, но сето ова не беше доволно за добивање датум за преговори поради ирационалното противење на политичките елити на Грција", изјави Иванов пред пратениците во Собранието. Во обраќањето тој повика на единство околу прашањето за името на кое беше посветен и поголем дел од неговит говор.

„Премногу дебатираме за нашите црвени линии во разговорите со нашиот сосед околу разликите за името. Од оваа говорница ги повикувам сите политички актери да не создаваат конфузии и недоумици кај нашите граѓани. Има ли некој во оваа држава кој не ги знае сопствените црвени линии во однос на прашањата за идентитетот, јазикот, културата, традицијата", изјави претседатеот Ѓорѓе Иванов.Според него Македонија е подготвена за решение што ќе значи компромис, но сме подготвени да разговараме само за нешта што се предвидени во Резолуцијата на ОН.

„Македонските граѓани ја дадоа својата доверба на политичари кои треба да работат на решенија на спорот за името. Македонскиот државен врв има јасен став, посветеност на процесот во ОН и трагање по прифатливо решение", изјави претседателот Иванов.

Според Иванов, сите наши активности говорат за нашата посветеност на ЕУ. И сите граѓани на Македонија покажаа дека се евроентузијасти.

Македонија не бара ништо повеќе од некоја друга држава, но ниту прифаќа ништо помалку, рече претседателот Ѓорге Иванов.

Во ова обраќање Иванов како успеси во 2009тата ги потецираше и демаркацијата на македонската северна граница кон Косово како и визната либерализација. По обраќањето на преседатателот следеа и реакциите на пратеничките групи кои сите со исклучок на ДПА го следеа ова обраќање на Иванов.

„Празен говор, без идеи и визија, со комплименти за Владата - бледо годишно обраќање на претседателот на државата. Не можевме да видиме ништо како коментар за суштинските проблеми на државата, ", рече Андреј Петров, СДСМ.

Критични кон овој говор беа и во владината ДУИ. За нив Иванов само набројал што сработил и со кого се сретнал.

Околу спорот со Грција, околу идентитетот на македонскиот народ, мислам дека требаше да се промовира една друга визија", рече Сафет Незири, ДУИ.

За неговите ставови околу проблемот со името кои ги кочи евроатлантските интегрции критични беа и во Нова демократија: „Не успеа да ни објасни и после многу месеци што значи разумен компромис со нашиот јужен сосед, за отворање на портите на ЕУ", изјави Имер Селмани, од Нова демократија.

Очекувано пофабите за него пристигнаа од владеачката ВМРО ДПМНЕ: „Тој кажа дека Македонија треба да води и европска и македонска политика, дека водењето на европска и македонска политика взаемно не се исклучува, туку дека е комплементарна", изјави Влатко Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ.

Владеачката партија оцени дека позитивната улога на преседателот се гледа и по тоа што тој делува како обединувачки фактор кој ја прекина догогодишната пракса дел од пратениците да го бокјотираат годишното преседателско обраќање.

XS
SM
MD
LG