Линкови за пристапност

Пред да почине, актерката Британи Марфи со симптоми на грип


Семејството на Британи Марфи им соопштило на официјални лица во Лос Анџелес дека актерката имала симптоми на грип неколку дека пред да почине на возраст од 32 години.

Ѕвездата на филмовите „Без патоказ“ и „Осмата милја“ колабирала и починала неделата во нејзиниот дом во Холивуд.

Ќе биде извршена обдукција, со цел да се утврди која е причината за нејзината смрт.

Патологот Ед Винтер потврди дека грипот може да биде дополнителен фактор за нејзината смрт, но ќе бидат потребни недели пред да бидат објавени конечните резултати. Тој смета дека најверојатно, актерката починала од природна смрт.

Се` уште не се објавени детали за нејзиниот погреб.

Нејзиниот сопруг, во пижами и бос, бил во шок во време кога пожарникарите, кои први одговориле нма повикот за итна помош, се обиделе да ја спасат. „Неочекуваната смрт на Британи е ужасна трагедија“, објавија во соопштение сопругот и потесното семејство и побараа во овие тешки моменти разбирање за приватност.

Британи Марфи е родена во Атланта во 1977-ма. Пораснала во Њу Џерси, но подоцна се преселила во Лос Анџелес со нејзината мајка, во потрага по актерска кариера.

Таа имаше улога и во новиот филм на Силвестер Сталоне, во оргинилан насловен „The Expendables“, што треба да се појави во кино-салите наредната година.

XS
SM
MD
LG