Линкови за пристапност

Пронајдени остатоци на куќа од времето на Исус во Назарет


Археолози во Израел откриле остатоци на дом во Назарет, што датира од пред повеќе од 2.000 години – од времето на Исус Христос.

Археологот Јардена Александи вели дека откритието е прво од ваков вид и нуди поглед на начинот на живот во времето на Исус. Таа го опиша домот како „мал и скромен“ и веројатно типичен на оние во Назарет кога бил само мало еврејско село. Куќата ја сочинувале две соби, двор и систем за собирање вода.

Се верува дека Исус го минал поголемиот дел од животот во Назарет.

Остатоците се пронајдени во близина на Базиликата на благовестието, која била изградена на местото каде Христијаните веруваат дека ангел и соопштил на Девица Марија дека ќе го донесе на свет Исуса.

XS
SM
MD
LG