Линкови за пристапност

Источниот дел на САД расчистува по големото снежно невреме  


Жителите на источниот дел на САД, од сојузната држава Сееверна Каролина на југ, па се` до Њујорк на север, расчистуваат по големото невреме што на места донесе и до 60 сантимери снег.


Националната метеоролошка служба предупреди дека се можни ветришта до 65 километри на час и дополнителни врнежи од снег како што остатоците од невремето минуваат низ регионот.

Главниот американски град викендов личеше на приказ од зимска бајка – затрупан во снег. Одделите на федералната влада понеделникот беа затворени – освен за нужно потребните услуги.

Невремето доби прекар „шопинг стопер" бидејќи попречи многумина да купат подароци за претстојната сезона на празници. Тоа истовремено го урна досегашниот рекорд за снежни врнежи во декември и во два дена донесе количина на снег во и околу главниот град колку за една просечна сезона.

Викендот линиите над земја на вашингтонското метро беа затворени за сообраќај. Стотици летови беа откажани, што само го отежна и онака фрекфентниот период пред католички Божиќ. Багери непрекинато ја расчистуваа пистата во воздухопловната база Едрјус близу Вашингтон, за да може да слета авионот на претседателот Барак Обама кој се врати од климатскиот самит во Данска.

На невремето во Њујорк му пркосеше Бродвеј – театрите продолжија со вечерни претстави во волшебна зимска атмосфера.

XS
SM
MD
LG