Линкови за пристапност

Сенатот на добар пат да го усвои предлог-законот за трошоци во одбраната


Во обид да го расчисти дневниот ред пред крајот на годината, Сенатот постигна напредок во усвојување на предлог-законот за трошоци во одбраната.

Сенатот петокот со 63 гласови „за“ и 33 „против“ се изјасни за крај на дебатата за усвојување на пакетот во висина од 636 милијарди долари, со што се отвори патот за финално гласање во сабота. Претходно неделава, предлог-законот беше усвоен во Претставничкиот дом.

Ова е последната од главните мерки годинава со која се одвојуваат средства. Покрај финансирањето за Пентагон, мерката вклучува и продолжување на бенефициите за невработеност и финансирање на делови од антитерористичкиот Патриотски акт, како и Медикеар, владината програма за здравствено осигурување.

XS
SM
MD
LG