Линкови за пристапност

Украден натписот во логорот во Аушвиц


Укараден е натписот „Работата ќе ве ослободи“, што стоеше над влезот на озлогласениот нацистички логор Аушвиц, соопштија полските власти. Обезбедувањето петокот открило дека тешкиот, петметарски железен натпис исчезнал. Слоганот, напишан на германски, беше црн потсетник на времето кога нацистичките сили во кампот убија над милион луѓе, поголемиот дел Евреи.

Според медиумските извештаи, натписот најверојатно бил делумно расклопен, а потоа откорнат од портата на кампот.

Израелски историчари коментираа дека кражбата претставува “напад на сеќавањето на холокаустот“.

XS
SM
MD
LG